
ФФМ со важно известување за навивачите кои купиле билети за мечот со Белгија
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важно соопштение за сите навивачи кои купиле билети (ваучери) за квалификацискиот натпревар против Белгија, што ќе се одигра на 10 октомври во Гент.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од ФФМ потсетуваат дека билетите мора да се активираат преку линк испратен по е-пошта од Белгиската фудбалска федерација (RBFA), бидејќи без активација нема да биде дозволен влез на стадионот.
„Драги навивачи на македонската репрезентација, Сите кои купивте ваучери за билет за натпреварот Белгија 🇧🇪 – Македонија 🇲🇰, што ќе се игра во Гент (10.10.), ве известуваме дека на вашата е-пошта веќе е испратен e-mail директно од Белгиската фудбалска федерација (RBFA). Преку линкот во тој e-mail треба да се најавите (log in) и да ги активирате вашите билети (сеуште има релативно голем број неактивирани билети). За секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот. Доколку тоа не се направи, не ќе можете да влезете на стадионот. Ве молиме проверете го вашето сандаче (и Spam/Promotions папките) и завршете ја активацијата навреме“, информираат од ФФМ.
Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра на 10 октомври во градот Гент, како дел од квалификациите за Светското првенство.
Преземено од: Спорт.ком.мк