Фото: ФК Пелистер

ФФМ отвори постапка против Пелистер поради натпреварот со Шкупи

Фудбалската федерација на Македонија утрово потврди дека против екипата на Пелистер е отворена Дисциплинска постапка поради однесувањето на навивачите во последниот натпревар од третото коло во ПМФЛ.

Пелистер вчера го совлада Шкупи со 2-0 и така го забележа вториот триумф во низа по поразот од Вардар во првото коло, но сега веројатно го чека одредена санкција од Дисциплинската комисисја на Фудбалската федерација на Македонија.

„По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија. Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ“, објави ФФМ.

ВИДЕО: Шкупи не издржа во Кавадарци, Пелистер и Башкими врзаа по две победи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот