Фестивал на фолклорот во Неготино, настапија лица со посебни потреби

„Фатени за раце го менуваме светот” е мотото на фолклорниот фестивал што синоќа се одржа во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино.

Станува збор за фестивал на кој настапија лица со посебни потреби, придружувани од фолклорни ансамбли од повеќе градови. Учествуваа Центар за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино – Неготино и Фолклорен ансамбл “Ацо Ѓорчев”, Основно училиште за деца со посебни образовни потреби “Маца Овчарова” и КУД “Коле Неделковски” Велес, Средно училиште за деца со посебни образовни потреби “Искра” Штип и КУД “Ристо Донев – Учителот” и посебна паралелка при ОУ “Страшо Пинџур” Кавадарци со Фолклорен ансамбл “Тиквеш”, појаснија домаќините од ,,Порака” Неготино.

Организацијата Центар за помош на лица со ментален хендикеп ,„Порака” од Неготино е родителска, невладина организација за возрасни лица со умерен и тежок ментален хендикеп.

Веќе тринаесета година го спроведуваме процесот на деинституционализација во Неготино и Скопје, а 20 години работиме на дневно згрижување, едукација и работно оспособување на лицата со попреченост – дневни центри во Скопје и Неготино. Нашата организација во 2008 година за прв пат во нашата земја и пошироко започна со процесот на деинституционализација – лицата коишто живееле во институции се преместуваат во куќи, а целта е да се оспособат за самостојно живеење. До денес имаме вкупно 87 корисници од сите општини во државата, коишто живеат кај нас и имаат 24 часовна целосна нега и грижа, информираа од „Порака”.

Притоа нагласија дека водат грижа, не само за територијално преместување.

Даваме целосна поддршка, нега, здравствена заштита, едукација, работно оспособување, образование и она што е потребно индивидуално, за секое лице. Во склоп на Дневен центар Неготино функционираат неколку работилници, преку кои нашите корисници ги изразуваат своите таленти, рекоа од „Порака”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот