Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Ферстапен четврти пат по ред ја освои титулата во Формула 1
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен денеска ја освои четвртата последователна титула во Формула 1, откако трката за Големата награда на Лас Вегас во САД ја заврши на петтото место и со тоа направи недостижна бодовна предност пред Ландо Норис од Мекларен.
Препорачано
Ферстапен на две трки пред крајот на шампионатот во Формула 1 има 403 бодови, додека Норис е на второто место со 340.
Така холандскиот возач се израмни со Алан Прост и Себастијан Фетел по бројот на титули во Формула 1, а пред нив се Хуан Мануел Фанџо со пет и Луис Хамилтон и Михаел Шумахер со по седум титули.
Возачот на Мерцедес Џорџ Расел триумфираше на денешната трка во Лас Вегас, втор беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон, а трет Карлос Саинц од Ферари.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер заврши на четвртото место, додека Норис беше шести. Бодови освоија и Оскар Пјастри (Мекларен), Нико Хулкенберг (Хас), Јуки Цунода (РБ) и Серхио Перез (Ред Бул).
Мекларен е прв во конкуренција на конструктори со 608 бодови, Ферари е втор со 584, а на третото место е Ред Бул со 555.
Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози на 1 декември за Големата награда на Катар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5