
ФБИ: ДНК пронајдена на местото на убиството на Кирк му припаѓа на осомничениот Робертсон
Пет дена по убиството на американскиот конзервативен говорник Чарли Кирк, истрагата на ФБИ како главен осомничен го води 22-годишниот Тајлер Робинсон кој уапсен во четвртокот вечерта, а според најновите податоци од директорот на Федералното биро Кеш Пател, најдена е ДНК примерок од осомничениот на местото на злосторот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Полицијата собра многу докази, „вклучувајќи шрафцигер, што беше пронајден на покривот“ на кампусот на Универзитетот во Јута, каде што се наоѓал стрелецот, пренесува Гардијан.
„На местото на настанот е пронајден и пешкир завиткан околу снајперската пушка“ изјави за „Фокс Њуз“ шефот на ФБИ, федералната полиција задолжена за истрагата.
„Денеска можам да објавам дека ДНК примероците на пешкирот завиткан околу огненото оружје и ДНК на шрафцигерот се совпаѓаат со трагите на осомничениот кој моментално е во притвор“, рече Кеш Пател.
Критикуван за своите постапки уште од почетокот на случајот, шефот на ФБИ ја спомена и пораката што осомничениот ја оставил пред да го изврши своето дело.
Осомничениот напишал: „Имам можност да го елиминирам Чарли Кирк и ќе ја искористам“, рече тој, додавајќи дека ФБИ има докази за таа порака, кои оттогаш се уништени.
Иако Тајлер Робинсон имал левичарска идеологија, според гувернерот на Јута, не е наведен конкретен мотив за ова убиство.
Осомничениот убиец, кој бил брилијантен ученик во средно училиште, бил воспитан во мормонска вера од родители републиканци. Тој се очекува утре да биде и официјално обвинет за убиството.
Убиството на Чарли Кирк, еден од најпопуларните млади влијателни лица на американската десница, означува можеби повторно оживување на политичкото насилство во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека во недела ќе присуствува на комеморацијата во Аризона, на стадион со над 63.000 седишта.