Фото: Wikimedia commons

Фасцинантно откритие: Австралискиот молец лета илјадници километри, ориентирајќи се според ѕвездите

Еден вид австралиски молец ги следи ѕвездите за време на својата годишна миграција – користејќи го ноќното небо како компас, покажува нова студија.

Кога времето се затоплува, ноќните молци богонг летаат во големи јата 1.000 километри за да се разладат во текот на пролетта и летото во пештерите покрај австралиските Алпи, на југоистокот од таа земја, во чии рамнини ја поминуваат есента и зимата, каде што се враќаат за да се размножуваат.

Птиците рутински се ориентираат според ѕвездите, но молците се, доколку е познато, единствените безрбетници кои го наоѓаат својот пат според ѕвездите додека летаат низ огромни пространства, пишува „Саенс алерт“ (Science alert).

Научниците дошле до овој заклучок бидејќи долго време се прашувале како австралиските молци патуваат до места каде што никогаш не биле.

Претходна студија сугерираше дека можеби магнетното поле на Земјата ги насочува со некаков вид визуелна ориентација како водич.

Бидејќи ѕвездите се појавуваат во предвидливи обрасци секоја вечер, научниците претпоставија дека тие би можеле да помогнат во ова.

Тие ги сместија молците во симулатор кој го имитира ноќното небо, додека го блокира магнетното поле на Земјата, и бележеа каде летаат. Потоа ги вметнале ѕвездите и виделе како молците реагираат на нив. Кога ѕвездите биле во вистинската положба, молците трепереле во вистинската насока, но кога ѕвездите биле на случајни места, молците биле дезориентирани.

Исто така, било откриено дека нивните мозочни клетки биле возбудени од специфичната ориентација на ноќното небо, според наодите објавени во среда во списанието „Нејчр“.

„Тоа беше многу јасен, импресивен показател дека молците навистина го користат својот поглед на ноќното небо за да го водат својот лет“, рекол научникот Кенет Ломан, кој студира навигација кај животните на Универзитетот во Северна Каролина во Чапел Хил и работел на новото истражување.

Истражувачите сè уште не знаат кои карактеристики на ноќното небо ги користат молците за да го пронајдат својот пат. Може да биде лента светлина од Млечниот Пат, маглина или нешто сосема друго. Што и да е, инсектите се чини дека се потпираат на неа и на магнетното поле на Земјата за да ги направат своите траектории.

Други животни исто така ги користат ѕвездите како водич. Птиците се потпираат на тоа, а бумбарите (балегари) се чини дека ги тркалаат своите пелети од храна на кратки растојанија до гнездата користејќи го Млечниот Пат како обележје.

Тоа е импресивен подвиг за молците богонг, чиј мозок е помал од зрно ориз, рече авторот на студијата, Дејвид Дрејер, од Универзитетот Лунд во Шведска.

„Неверојатно е што суштество со толку мал мозок всушност може да го направи тоа – да патува толку далеку“, рекол Дрејер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот