Фајненшл Тајмс: Од коронавирусот во светот починаа многу повеќе луѓе отколку што се пријавени

EFE/GIUSEPPE LAMI -- ATTENTION EDITORS

Според анализата на ФТ за вишокот на умрени во разни земји од светот од јануари до март, април или почеток на мај видливо е дека најголемиот вишок умрени е забележан во оние подрачја и региони кој се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус.

Пандемијата од коронавирусот за неколку месеци се прошири во 190 земји ширум светот, а досега однесе 290.000 животи.

Меѓутоа, се појави загриженост дека бројот на пријавените смртни случаи не ја одразува навистина состојбата со смртноста од ковид-19 и дека бројот всушност е многу поголем. Фајненшл Тајмс собра и анализираше податоци за вишокот починати ширум светот, односно бројот на смртни случаи кој е повисок од просекот за тој временски период и се утврди дека бројот на починати во некои сезмји е поголем за 50 отсто од вообичаеното.

Методот за утврдување на бројот на починати од некоја заразна болест по пат на пресметка на вишокот смртност не е невообичаена и треба сериозно да се сфати. Таа редовно се користи при годишната пресметка на смртни случаи предизвикани од грип. Кога СЗО дава проценка дека од сезонски грип во светот годишно умираат меѓу 250.000 и 650.000 луѓе, треба да се знае дека таа се темели врз основа на пријавениот број луѓе за кои лекарите со сигурност утврдиле дека грипот е причина за нивната смрт.

Професорот д-р Бранко Колариќ од Катедрата за социјална медицина и епидемиологија при Медицинскиот факултет во Риека, објаснува дека таквите проценки се темелат на разликата меѓу бројот на луѓе кои инаку би починале во таа сезона и вистинскиот вкупен број на смртни случаи во тој период.

„Вистинскиот број починати од грип никогаш службено не се регистрира“

„Смртта од груп за жал, се случува секоја сезона и главно умираат лица со ослабен имунолошки систем кои развиваат компикации, превенствено воспаление на белите дробови, и лица со хронични болести кај кои основната болест поради грипот се влошува, најмногу лица во постара животна доба“, вели Колариќ.

„Вистинскиот број на починати од грип никогаш службено не се регистрира од повеќе причини. На пример, кај починатото лице понекогаш не се сомнева на грип како можна причина за смртта, не се земаат навреме примероци за тестирање или од некоја друга причина починатите не се тестирани од грип. Поради тоа при проценките за влијанието на грипот на здравјето на населението и смртноста, секогаш се користи терминот „вишок смртност во сезона на грип односно зима“, со кој се означува проценката на бројот на заболени кои умираат, а смртта е поврзана со грипот, додека всушност за повеќето никогаш не се дознава дека грипот придонел за смртта“, вели хрватскиот епидемиолог.

За земја со бројот на жители како Хрватска се проценува дека тој вишок на смртност во сезоната на грип се движи од 125 до 550 лица годишно, зависно од интензитетот на болеста и погоденост на вакцинацијата. Тоа значи дека се проценува дека во сезоната на грип во неделите кога нејзината активност е зголемена, умираат околу 2 до 10 % повеќе луѓе. Кога се работи за земја со постара популација постари од 65 години – во период на грип кај таа популација значително се зголемува смртноста од воспаление на белите дробови, компликации од дијабетес и слично.

Во некои земји и 490% повеќе починати од обично

Според анализата на ФТ за вишокот на умрени во разни земји од светот од јануари до март, април или почеток на мај видливо е дека најголемиот вишок умрени е забележан во оние подрачја и региони кој се најтешко погодени од пандемијата на коронавирус.

Во провинцијата Гајас во Еквадор од почетокот на март починале 10.000 повеќе од вообичаеното, што е зголемување за 300 отсто. Во Лондон е забележана двојно поголема смртност, а вкупниот број смртни случаи во Њујорк од средината на март е четири пати повисока од претходно.

Кога ќе се погледаат табелите на ФТ се гледа дека во Британија од март до мај починале 50.000 повеќе луѓе од вообичаеното (пораст од 61%), во Белгија оод март до крајот на април 8.000 повеќе (+66%), а во градот Њујорк 11.500 луѓе повеќе (+408%). Регионот околу италијанскиот град Бергамо забележа најлош пораст на смртноста на меѓународно ниво, со 496% пораст на смртните случаи над нормалната стапка.

Од друга страна, во земјите кои се послабо подогени од пандемијата забележан е релативно низок вишок на смртност. Така во Данска од јануари до крајот на април починале 200 луѓе повеќе од вообичаеното за тој период (+6%), а во Германија 4.800 повеќе (+6%).

Ако го споредиме службениот бројо на починати од ковид-19 со вишокот смртни случаи, може да се забележи дека тие во некои земји не се поклопуваат, што сугерира дека бројот на починатите од новиот вид коронавирус би можел да биде многу поголем.

Така во Британија во последните неколку месеци се забележани 50.000 вишок смртни случаи, додека службениот број починати од ковид-19 е околу 33.000. Во Шпанија починаа над 32.000 луѓе повеќе од претходно, а на ковид-19 досега се припишани 27.000 смртни случаи. Во провинцијата Гајас во Еквадор меѓу 1. март и 15. април се пријавени само 245 смртни случаи врзани за ковид-19, но податоците за вкупната смртност покажуваат дека тогаш умреле околу 10.000 повеќе луѓе од типичното за тој период.

Во некои земји како Белгија, службениот број починати од ковид-19 се поклопува со утврдениот вишок починати.

Голем број починати во домовите за стари лица

Ројтерс неодамна објави слична анализа која го споредуваше вишокот на бројот на починати во британските домови за старци со потврдените смртни случаи во пандемијата од коронавирусот.

Во осум недели до 1. мај во домовите за стари во Англија и Велс вкупно од сите причини починаа 37.627 луѓе, според податоците на Националната канцеларија за статистика (ОНС). Врз основа на споредбата со просечниот неделен број на случаи во истиот период во текот на последните пет години агенцијата Ројтерс пресмета дека во Англија и Велс оваа година имало 19.900 смртни случаи повеќе од вообичаеното.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот