„Фајненс тинк“: Субвенционирањето на струја и замрзнувањето на цените треба да привршува

Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Дали владините мерки за справување со кризата со цените на храната и енергијата ги заштитија граѓаните? Ова е прашањето на кое опдговор во својата анализа побара Институт за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“

Мерките што ги спроведуваше Владата за справување со кризата со цените на храната и енергијата спасиле значаен дел од доходот на домаќинствата, посебно на посиромашните, меѓутоа многу пари се потрошени за нетаргетирани мерки со кои им се овозможиле привилегии и на оние кои можеле да сами да си ги подмират трошоците, покажува анализата на Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. Оттаму порачуваат дека субвенционирањето на струја и замрзнувањето на цените треба да привршува.

„Клучно е владата да продолжи со процесот на намалување и елиминирање на нетаргетираните мерки. Со оглед на релативно поволните движења кај берзанските цени на енергентите, фазата на излегување од субвенционирање на цените на електричната и топлинската енергија треба да заврши поскоро а најдоцна до крајот на оваа година.  Неопходно е да се размислува за замена на нетаргетирана мерка за замрзнати цени на основните прехранбени производи со друг контингент мерки, зависно проблемите што евентуално се присутни на терен. Ако постои нефер договарање за цените на прехранбените производи, во услови кога растот на цените на инпутите во производиот процес или на цените од увоз е значајно намален, а кај некои производи дури и негативен, тогаш треба да се впрегнат механизмите на антимонополското законодавство“, пишува во анализата.

„Фајненс тинк“ забележува дека во однос на доходните мерки, нивно потесно таргетирање и калибрирање е неопходно за да ја поддржи фискалната консолидација. Ова посебно се однесува на обемот на трошењето за пензии. Дополнување на пензиите, освен кај најниските пензии, надвор од предвиденото законско усогласување претставува ризик за пензискиот фонд и за централниот буџет, воопшто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот