Европски фронт: Мицкоски спасот го бара во Левица

Фото: Европски фронт

Коалицијата Европски фронт предводен од ДУИ, денеска преку соопштение му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека сакал тој или не, ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат гаранти на европскиот пат на Македонија, а ВМРО и другите соработници на Москва, по 8 мај, ќе бидат само опозициски гледачи на членството на Македонија во Европската Унија.

-Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе спадна два дена пред поразот, покажуваат повиците за помош од Левица и ЗНАМ на Димитриевски. Тој дури бара спас и помош од албанската опозиција за, како што рече вчера Мицкоски, да ги урива Европскиот фронт и ДУИ. Сепак, иако измислува различни причини, јавноста знае дека вистинската борба на Мицкоски се рамноправните позиции на Албанците и другите етникуми во Северна Македонија. Тоа веќе е само една прочитана книга, кој не може да ги сокрие антиалбанствотоци и антизападните политики, се вели во соопштението.

Мицкоски вчера посочи дека кога зборува за криминалот на ДУИ и кога зборува за криминалот на првенците во ДУИ, го обвинуваат дека бил антиалбанец.

-Ме обвинуваат дека сум бил антиалбанец затоа што сум го обвинувал Ахмети дека неговиот мит на идеолог падна со правиот момент кога одлучи неговиот сват да вози ролс ројс додека народот во Сарај, во Чаир, во Тетово, во Гостивар, едвај крпи крај со крај. Кога неговиот внук за десетици милиони евра одлучи да купува трговски центар во центарот на Скопје, кога семејството на Артан одлучи низ градовите во Македонија да купува имоти вредни десетици милиони евра и кога го поставував прашањето од каде пари за сето тоа. Тогаш ме обвинуваа, тоа ме мотивира да продолжам да се борам против криминалците во политиката, без разлика дали тие биле Албанци, Македонци, Бошњаци, Турци Срби, Власи, Роми, мојата единствена цел е конечно во Македонија да изгрее сонцето и сите криминалци во политиката кои што се богатат на нашиот грб без разлика на нивната етничка и верска припадност да одговараат за сето она што им го сториле на граѓаните. Ќе продолжам да се борам затоа што криминалот нема етничка припадност, порача Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот