Челичарница на „ТисенКруп“ во Дуисбург, Германија / Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Европската економија напредува со ситни чекори, стагнира и вработеноста

На годишно ниво, во 2024 година најмногу пораснала ирската, а најлош резултат остварила австриската економија

Во четвртиот квартал од 2024 година, Брутодомашниот производ (БДП) порасна за 0,2 отсто во еврозоната и за 0,4 отсто во Европската унија (ЕУ) во однос на претходниот квартал, објави деновиве „Евростат“.

Во третиот квартал од 2024 година, БДП пораснал за 0,4 отсто во двете зони.

На годишно ниво, споредено со четвртиот квартал од 2023 година, економијата пораснала за 1,2 отсто во еврозоната и 1,4 отсто во ЕУ.

Гледајќи ја целата 2024 година, БДП се зголеми за 0,9 отсто во еврозоната и за еден отсто во ЕУ, по зголемувањето од 0,4 отсто во двете зони во 2023 година.ж

Највисок раст на БДП во однос на претходниот квартал забележа Ирска (3,6 отсто), потоа Данска (1,6 отсто) и Португалија (1,5 отсто).

Најголем пад е забележан во Малта (-0,7 отсто), Австрија (-0,4 отсто), Германија и Финска (и двете -0,2 отсто).

Споредено со четвртиот квартал од 2023 година, Ирска има раст на БДП од 9,2 отсто, потоа Данска со раст од 4,1 отсто, Полска со 3,7 отсто и Хрватска со 3,6 отсто.

Од друга страна, единствени кои оствариле негативен раст и во текот на 2024 година се Австрија со пад во четвртиот квартал од 1,2 отсто, Летонија со 0,4 отсто и Германија со 0,2 отсто.

Бројот на вработени е зголемен за 0,1 отсто во еврозоната и за 0,2 отсто во ЕУ во четвртиот квартал од 2024 година во однос на претходниот квартал. Во третиот квартал од 2024 година, вработеноста се зголеми за 0,2 отсто во еврозоната и остана на истото ниво во ЕУ.

Во споредба со истиот квартал од претходната година, вработеноста се зголеми за 0,7 отсто во еврозоната и за 0,5 отсто во ЕУ во четвртиот квартал од 2024 година, по растот од еден отсто во еврозоната и 0,8 отсто во ЕУ во третиот квартал од 2024 година.

Во четвртиот квартал од 2024 година, Романија (два проценти), Шпанија (0,9 проценти), Грција и Португалија (и двете од 0,5 проценти) забележаа најголем раст на вработеноста во споредба со претходниот квартал, додека најголем пад од 0,4 проценти е забележан во Хрватска и Финска, а потоа следат Летонија и Шведска, каде вработеноста е намалена за 0,2 проценти.

Евростат проценува дека во четвртиот квартал од минатата година во ЕУ биле вработени 219,7 милиони луѓе, од кои 171,2 милиони во еврозоната, додека продуктивноста е зголемена за 0,4 отсто во еврозоната и за 0,8 отсто во ЕУ во однос на истиот квартал од 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот