Европска инвестициска банка издвои пакет од 1,5 милијарда евра за Украина

Фото: МИА

Европската инвестициска банка (ЕИБ) во соработка со Европската Комисија ги испратија првите транши помош за Украина од вкупниот износ од 1,59 милијарди евра, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие пари се испраќаат во рамките на итната солидарна помош за Украина, поддржана со гаранција на ЕУ и во соработка со Европската Комисија. Првата транша изнесува 500 милиони евра за покривање на финансиските потреби на краток рок, како поправање на оштетените инфраструктури и поддршка за државните компании за патишта и железници.

Од Европската Комисија изјавија дека поправањето на железниците, мостовите и патиштата ќе помогне да продолжат луѓето, стоките и житото да се движат, посебно со оглед на важноста на Украина во извозот на житарици во светот.

Наредните транши ќе бидат исплатени во следните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот