Евролига: Партизан се врати „минус 15“ и славеше против Олимпија Милано за трета победа во низа

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

АБА-шампионот Партизан стигна до третата победа во низа и четврта во последните пет натпревари во Евролигата. Вечерва црно-белите беа подобри од Олимпија Милано со 82:69.

Конечниот исход е големо изненадување ако се знае дека скоро три четвртини италијанскиот тим доминираше и го полнеше кошот на српскиот гигант. Функционираше и шутот од далечина на Олимпија, па така на четири минути пред крајот на третата четвртина Италијанците водеа со 15 разлика (45:60).

Во тие моменти како Партизан да се разбуди и до крајот на четвртината со 16:2 целосно се врати во игра (61:62). Одличната игра ја продолжи и во последниот период, па така улогите на паркетот комплетно се сменија и Олимпија Милано немаше никакви шанси.

Најефикасен беше Кевин Пантер со 19 побени, Бруно Кабокло додаде 16, а Зек Ледеј 15 поени. Во редовите на италијанскиот тим Шевон Шилдс ја заврши средбата со 19 поени.

На преостанатите два натпревари, Анадолу Ефес славеше во Берлин против Алба со 89:97, додека Реал Мадрид успеа да слави на гости во Грција кај Панатинаикос со 78:90.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот