фото: facebook/ГРК Охрид

Еурофарм Пелистер запиша тесна победа над ГРК Охрид во Суперлигата

Во извонредна спортска атмосфера во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер одиграа неизвесен натпревар во кој по голема борба победа славеа гостинските ракометари (27:25).

После првото полувреме актуелниот првак во македонската ракометна Суперлига имаше позитива од три голови (16:13).

Кај победникот најефикасен беше Хосни со седум голови, а на спротивната страна Орјоникидзе запиша шест.

Се одигра уште еден меч, Куманово како домаќин со 23:21 го совлада Пролет, иако гостите имаа предност на паузата од 12:11.

За Куманово прв стрелец беше Димевски со шест гола, а за Пролет Палевски постигна девет.

На табелата Еурофарм Пелистер е моментно на втората позиција со 32 бодови, Охрид е на четвртото место со 27, Пролет е седмопласиран со 14, а Куманово е на деветтото место со 10 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот