Фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Еурофарм Пелистер против Висла ја брка втората победа во Лигата на шампионите

По двата порази по ред против екипите на ПСЖ и ГОГ Гудме, македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска од 18.45 часот го чека непредвидливо гостување кај првакот на Полска, Висла Плоцк во ракометната ЕХФ Лигата на шампионите.

Тренерот на битолскиот тим, Рубен Гарабаја очекува неговите играчи да бидат фокусирани и да не се прават грешки, затоа што противникот веднаш ќе ја искористи таквата ситуација.

– Се надевам дека нема да имаме кризен период во играта, како што беше случај на натпреварот со ГОГ Гудме, кога немавме добри солуции цели 15-20 минути. Мораме да одиграме перфектно во текот на целиот натпревар, само така може да се надеваме на позитивен епилог – вели Гарабаја.

Мадс Хансен и Јеспер Мадсен од Данска ќе го судат денешниот натпревар во ОРЛЕН Арената во Плоцк.

Составот на Еурофарм Пелистер за дуелот со Висла: Митревски, Манасков, Видомски, Хакбарт, Тајник, Ибрахим Езелдин, Мацанковски, Хенигман, Радивојевиќ, Кузмановски, Абутовиќ, Калајџиески, Пе. Атанасијевиќ, Пешевски, Хосни, Па. Атанасијевиќ.

ЕХФ Лига на шампиони

Група Б, четврто коло

8 октомври

18.45 часот Висла Плоцк – Еурофарм Пелистер
18.45 часот ГОГ – Магдебург

9 октомври

20.45 часот Барса – Пик Сегед
20.45 часот ПСЖ – Загреб

Табела:

1. Магдебург 6 бодови
2. Барса 4
3. Пик Сегед 4
4. Висла Плоцк 4
5. ПСЖ 2
6. ГОГ 2
7. Еурофарм Пелистер 2
8. Загреб 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот