ЕУ треба да почне со храбри реформи додека се подготвува да се прошири, истакна Бербок

Аналена Бербок / 1 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на денешната Конференцијата за проширување на ЕУ во Берлин го најави почетокот на процесот на зајакнување на внатрешните структури на ЕУ, како подготовка за процесот на проширување, а во исто време предложи постепена интеграција на земјите кандидатки.

– ЕУ треба да почне со храбри реформи додека се подготвува да се прошири, истакна Бербок.

Таа предложи укинување на сегашниот систем според кој секоја од 27. земји-членки делегира по еден комесар.

– Не може да им се дозволи на Европскиот парламент и на Европската комисија едноставно да растат и растат, да станат уште поголеми. Треба да донесеме храбри, храбри одлуки … на пример, ние сме подготвени да работиме без свој комесар на ограничен временски период, посочи Бербок.

Коментарите на Бербок доаѓаат додека дебатата за проширување на ЕУ со Украина и земјите од Западен Балкан се вжештува пред клучниот Самит на ЕУ во Брисел следниот месец.

Германската министерка за надворешни работи предупреди на пристапот или – или кон проширувањето, предлагајќи на земјите-кандидати да им се дозволи да присуствуваат на состаноците на Советот на ЕУ пред да станат полноправни членки.

– Треба да се погрижиме луѓето од овие земји, особено младите, да добијат можност да учествуваат во предностите на ЕУ во рана фаза, дури и пред нивната земја да стане полноправна членка.

Таа додаде дека тоа може да вклучува студентите од Северна Македонија, Србија и Турција да учествуваат во студентската програма Еразмус, потоа намалување на таксите за роаминг и поедноставување на визните процедури за граѓаните на земјите кандидати.

– Поврзување на средствата од ЕУ со стандардите на владеењето на правото, би требало да биде дел од политиката на ЕУ, потенцира Бербок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот