ЕУ се уште без договор за испраќање на системите Патриот во Украина

Sean Gallup/Getty Images

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија денеска соопштија дека разгледуваат начини за испорака на повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, но не ветија конкретно дека ќе ги испорачаат системите Патриот.

Министрите на состанокот во Луксембург потенцираа дека одобрениот пакет помош во вредност од 60 милијарди долари од страна на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за Украина не треба да доведе до никакво задоволство во САД.

„Можеме да бидеме радосни еден ден, но мора да бидеме подготвени за битката што доаѓа утре. Затоа, не можеме да бидеме смирени“, истакна шефот на литванската дипломатија Габриелиус Ландсбергис.

Изминатите недели владите на земјите од ЕУ се под зголемен притисок да испорачаат повеќе одбранбени системи поради зголемените руски воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура и градови.

И покрај тоа, земјите што ги поседуваат противвоздушните системи Патриот од САД, кои Украина веќе ги користи и високо ги цени поради нивната способност да соборуваат балистички ракети, сè уште не одлучиле да и ги предадат на Украина.

Германија е единствената земја од ЕУ која вети дека ќе го испорача системот Патриот на Украина. Други европски земји, вклучувајќи ги Грција, Холандија, Полска, Романија, Шпанија и Шведска, исто така имаат системи Патриот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот