ЕУ има „план Б“ доколку Унгарија стави вето на помошта за Украина

Виктор Орбан и Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европската унија ќе се обиде да го заобиколи секое унгарско вето и да и даде на Украина помош од 50 милијарди евра, велат официјални лица од блокот, додека Киев се бори да ја потисне руската инвазија, објави Ројтерс.

Извршната власт на блокот предложи проширување на буџетската поддршка за да и помогне на Украина да исплати и да ги покрие другите трошоци додека трае конфликтот, а 27-те земји-членки на ЕУ треба да гласаат за пакетот на самитот од 14 до 15 декември во Брисел.

Но, некои се загрижени дека помошта може да биде блокирана од унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ги промовираше своите врски со Москва и се спротивстави на слична поддршка во минатото. Ваквите исплати од заедничкиот буџет на ЕУ имаат потреба од едногласна поддршка од сите земји-членки.

Запрашан за коментар, портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач рече дека секоја финансиска помош за Украина треба да биде одвоена од буџетот на ЕУ. Тој рече дека на ЕУ и треба нова стратегија за Украина и дека сите финансиски одлуки треба да произлезат од тоа.

Ако Будимпешта навистина го искористи своето вето, двајца функционери на ЕУ сметаат дека блокот има начин да го заобиколи со барање секоја од другите влади на ЕУ да формираат сопствен пакет помош за Киев.

„Унгарија ризикува да ја претегне среќата. Ние би сакале да ги имаме на бродот, но доаѓа момент кога на луѓето им е преку глава од Будимпешта да ги држи сите како заложници. Решението е заморно, но ние го имаме ако е потребно“, рече еден претставник на ЕУ.

Вториот функционер на ЕУ, кој зборуваше за Ројтерс под услов да остане анонимен, се согласи. „Прашањето за пари за Украина ќе се реши на еден или друг начин, Киев ќе добие поддршка од ЕУ“, рече претставникот.

Минатата година Унгарија стави вето на сличен предлог за давање финансиска помош од 18 милијарди евра на Украина во 2023 година.

По неколкумесечни расправии, Будимпешта конечно се согласи на пакетот, откако ги доби, како што рече, отстапките од блокот за помошта за Унгарија, и слушна дека ЕУ во секој случај ќе користи сличен начин за да го протурка.

Запрашан дали ЕУ повторно ќе го следи тој пат доколку е потребно, европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис оваа недела рече: „Минатата година навистина разговаравме за „План Б“, но, минатата година можевме да го избегнеме ова сценарио. Се надевам дека ќе можеме да го избегнеме ова сценарио и оваа година“.

На власт повеќе од една деценија, Орбан е заклучен во сè пожестоки битки со другите во ЕУ за низа прашања, вклучувајќи демократски стандарди, надворешна политика, миграција и ЛГБТИ права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот