ЕУ и НАТО со заедничка оперативна група за заштита на критичната инфраструктура

Фон дер Лајен, Столтенберг и Мишел/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Европската унија и НАТО денеска ја објавија одлуката за формирање оперативна група за заштита и отпорност на критичната инфраструктура, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на состанокот на Колеџот на комесари на кој е поканет да присуствува и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Во оперативната група експерти на ЕУ и НАТО ќе работат заедно на идентификација на клучните закани за нашата критична инфраструктура, на проучување на ранливостите и ќе на развивање клучни принципи за подобрување на отпорноста, но и на понуда предлози за мерки и акции за санација”, нагласи Фон дер Лејен.

Таа посочи дека оперативната група првично ќе ги опфати транспортот, енергетиката, дигиталната област… а потоа ќе ги информира земјите-членки на ЕУ и на НАТО.

„НАТО и ЕУ работат заедно и решивме да формираме Работна група за отпорност и критична инфраструктура. Наша желба е да размислуваме заедно како да ја направиме нашата критична инфраструктура и технологија поотпорна на потенцијални закани и да преземеме активности за да ги отстраниме можните пропусти. Тоа е важен чекор кон зајакнување на нашите општества”, рече Столтенберг.

На денешната редовна средба на комесарите на Европската комисија, во присуство на првиот човек на Алијансата, тема е поддршката за Украина и последиците по европската безбедност.

Фон дер Лајен изјави дека ќе разговараат и за потенцијални промени кои се неопходни во политиките на Унијата и НАТО за безбедноста на Европа и европскиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот