ЕУ го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Европската унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија, како одговор на нападот на Москва врз Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Работиме напорно на тоа да ја удриме Русија онаму каде што боли, за дополнително да ја намалиме нејзината способност да води војна против Украина и денес можам да објавам дека работиме со полна пареа на деветтиот пакет санкции”, рече Фон дер Лајен за време на посетата на Финска.

Таа изрази уверување дека многу брзо ќе биде одобрено глобалното ограничување на цената на руската нафта со Г7 и другите големи партнери.

„Нема да се смириме додека Украина не ја однесе победата над Путин во неговата варварска војна”, рече претседателката на ЕК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот