Смрдливка - Фото: pexels-on3sign

Есента е нивно време: Како да ги спречите смрдливките да влезат во вашиот дом

Со доаѓањето на есента, доаѓаат и тие – смрдливките, кои влегуваат во нашите домови, на тераси, лазат по ѕидовите, по облеката, одат по прозорци, се удираат во ламби и шират непријатен мирис.

Тие се инсекти кои се познати по својот изглед како да носат штит на грбот, по својот гласен лет и секако – мирисот што го испуштаат кога се загрозени. Оттука и името – смрдливки.

Што е смрдливките и како да се ослободите од нив?

Смрдливката (Halyomorpha halys) се појавува сè почесто во нашите домови, особено на есен. Тоа е инвазивен вид инсект кој нема природни непријатели. Се храни со овошје и зеленчук, но не може да им наштети на луѓето или животните. Не боцка, не каса и не пренесува болести.

Најголемиот проблем е што масовно влегува во куќите и становите, барајќи топло и суво место за хибернација.

Зошто се нарекуваат смрдливки?

Овие инсекти имаат мирисни жлезди што ги користат како одбрана. Кога ги вознемирувате, тие испуштаат интензивен мирис опишан како мешавина од бадеми и коријандер. Иако не е отровен, аромата може да се задржи во просторијата со часови.

Што ги привлекува смрдливките во куќата?

Тие сакаат топлина и светлина. Најчесто влегуваат во домови, тавани, шупи или пукнатини на ѕидовите на есен. Остануваат таму до пролет, криејќи се во суви и топли подрачја.

Како да го спречите влегувањето на смрдливките?

Проверете и затворете ги пукнатините на прозорците, вратите и ѕидовите.
Поправете ги оштетените мрежи на прозорците.
Исклучете го или затемнете го надворешното осветлување – особено ламбите што привлекуваат инсекти.
Користете топли жолти светилки наместо ладни бели.

Како да се ослободите од смрдливките во куќата?

Ако ги најдете во стан или куќа:

Не ги гмечете бидејќи ќе испуштат непријатен мирис.
Фатете ги во марамче или сад и изнесете ги надвор.
Можете да користите правосмукалка, но имајте предвид дека мирисот останува во кесата.
Смрдливките се одбиваат од мирисите на цитрус, нане, лук и каранфилче – користете есенцијални масла или кора.

Смрдливката е непријатен гостин, но е безопасна. Доколку се појави во вашиот дом, најдобро е да реагирате смирено и да ја отстраните хумано. Превенцијата е клучна – затворените пукнатини и намаленото осветлување можат да ве заштитат од нивното „вселување“ на есен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот