На денешен ден – 26 септември

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1580.- Англискиот морепловец Френсис Дрејк вплови во пристаништето во Плимут, завршувајќи ја после 33 месеци пловидбата околу светот како прв Англичанец на кој тоа му успеа.

1604.- По многу одложувања, црковните власти во Шпанија дозволија да се печати делото на големиот шпански писател Мигуел де Сервантес „Дон Кихот“.

1815.- Русија, Австрија и Прусија ја создадоа „Светата алијанса“ заради задушување на револуционерните движења во Европа и зачувување на Виенскиот договор со кој е прекроена картата на Европа.

1949.- Во Рајзан е роден Иван Петрович Павлов, руски физиолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 19004 година како признание за неговата работа посветена на физиологијата на варењето на храната… Умре во Санкт Петербург, на 27 февруари 1936 година.

1888.- Роден е англискиот писател од американско потекло Томас Стренс Елиот, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1948 година. Познати дела: „Собрани песни“, „Собрани есеи“.

1889.- Роден е Мартин Хајдегер, главен претставник на егзистенцијализмот во Германија. Изврши големо влијание врз современите филозофи на егзистенцијализмот. Негови најпознати дела се „Битие“, „Кант и проблемот на метафизиката“ и „Што е метафизика“. Умре во 1976 година.

1892.- Во Москва е родена Марина Иванова Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Познати се нејзините збирки песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, „Стихови за Блок“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“. Умре на 31 август 1941 година.

1898.- Во Берклин е роден Џорџ Гершвин, голем американски композитор, пијанист и музичар. Користејќи елементи од црнечкиот фолклор, успешно ги спои ритмичките и мелодиските карактеристики на џезот во формите на уметничката музика и со тоа придонесе за создавање на специфичниот северноамерикански музички израз. Негови најпознати дела се оперите „Порги и Бес“, симфониската поема „Американец во Париз“, „Рапсодија во сино“. Умре во Холивуд, на 11 јули 1937 година.

1990.- Во Рим умре Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели не само во Италија, туку и во Европа. Негови најпознати романи се „Рамнодушни“, „Маскирана“ и други. Роден е во Рим, на 28 ноември 1907 година.

1945.- Умре унгарскиот композитор и пијанист Бела Барток, професор на Музичката академија во Будимпешта. Барток го разви оригиналниот стил, вметнувајќи елементи од унгарската народна музика.

1959.- Умре цејлонскиот државник Соломон Бандеренајке, премиер на Цејлон од 1956 година и водач на Партијата на слободата, врз кого претходниот ден во Коломбо пукал еден будистички калуѓер. Се школувал во Оксфорд.

1969.- Во Боливија армијата под водство на генералот Алфред Ованда Кандиа го собори претседателот Силес Салинас.

1984.- Лондон и Пекинг се договорија за враќањето на Хонконг во 1997 година под суверенитет на Кина.

1989.- Виетнам ги повлече трупите од Камбоџа, кои во Камбоџа беа од крајот на 1978 година, оставајќи ги силите на владата на Хун Сен сами да се борат против маоистичката герилска организација „Црвени Кмери“.

1993.- Во селото Доверзенце, Кумановско, е осветена новоизградената црква „Свети Ѓорѓи“.

1993.- Во Виница е отворен Првиот фестивал за хумор, сатира и карикатура во Република Македонија, наречен „Ин Виница веритас“.

1994.- Алжирските безбедносни сили го убија шефот на најсилната исламска терористичка организација ГИА Шериф Гузми, познат како Абу Абдал.

1995.- Почна судењето на поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти. Тој беше седумпати премиер, а беше обвинет за блиски врски со мафијата и вмешаност во убиства.

1997.- Земјотрес во централна Италија усмрти 11 луѓе и тешко ја оштети средновековната базилика Свети Фрањо Асиси во Асизија.

2000.- Грчкиот ферибот „Експрес Самин“ налета на подводен гребен кај островот Парос. Фериботот потона за само 20 минути, усмртувајќи 72 од повеќе од 500 луѓе на бродот.

2002.- Потона сенегалскиот ферибот „Ла Жола“ во невреме во близина на брегот Гамбиј. Од вкупно 1.836 патници, само 64 успеаја да се спасат.

2016.-­ Американскиот режисер и „оскаровец“ Кертис Хансон, почина на 71-­годишна возраст. Хансон на јавноста и е познат како режисер на филмот „Осма милја” во кој главната улога ја имаше раперот Еминем. Нецело десетлетие претходно, режисерот и сценарист доби „Оскар“ за најдобро aдaптиранo сценарио за филмот „Доверливо од ЛА”. Неговиот потпис стои и зад филмовите „Среќникот“, „Чудесни момчиња“.

2019.- На 87-годишна возраст почина поранешниот француски претседател Жак Ширак. Тој беше претседател на Франција во два мандата – од 17 мај 1995 година до 16 мај 2002 година и вториот пат, од 17 мај 2002 година до 17 мај 2007 година. Претходно беше градоначалник на Париз и премиер. На 15 декември 2011 година, Ширак беше осуден на две години затвор за злоупотреба на државни фондови и судир на интереси додека бил градоначалник на Париз. Една од најважните политички реформи што тој ги спроведе е намалување на мандатот на францускиот претседател од седум на пет години. Ширак беше роден на 29 ноември 1932 година во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот