„Ерухон“ стана најпомодниот супермаркет на светот во кој пазарат ѕвездите

Фото : Gonzalo Marroquin / Getty images / Profimedia

Со мала помош од познатите личности, супермаркетот за органска здрава храна Ерухон стана најжешкото место за дружење во Лос Анџелес. Неговата репутација стана посилна за време на пандемијата. Во периодот кога клубовите и баровите беа затворени, убавите хипстери од градот почнаа да ги посетуваат кафулињата и рестораните на Ерухон. А армијата на Инстаграм и Тик Ток фланерс го симнаа со објави и видеа кои беа најмоќната реклама, објави Прототема.

„Онаму каде што купувате органски чипс од кељ кажува многу за вас“, гласи видео кое ги сатиризира навиките на елитата.

Ерухон, за нив, беше местото каде што можеше „да купиш карфиол кој е пофотогеничен од тебе“ и „сок што чини колку Тесла“. Фанатичните клиенти на Ерухон го испечатија името на продавницата на дуксери – дуксерите, кои чинат по 300 долари, станаа популарни кај актерите и инфлуенсерите – а денес продавницата дизајнира сопствена линија на облека. Магичната комбинација на органски, вегански и безглутенски производи кои блескаат на неговите полици ги привлече, а неговите кето грицки беа прикажани во популарните видеа „Што јадам за еден ден“.

Соковите од јаболка, морков, цвекло и тараксако, разнобојните чинии со акаи и тортиљата со спанаќ и див лосос со ѓумбир беа среќниот противотров за тажниот период на затворање и изолација. И токму така, популарната точка на средба на една млада заедница со хипи филозофија, претворена во склоп на богатите и славните.

„Парадокс е тоа што продавницата за здрава храна може да биде кул“, рече потпретседателот на Ерухон, Џејсон Виденер, кој забележа дека компанијата забрзано расте во текот на една деценија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот