Ердоган во Багдад: Доворите се пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак

Ердоган / Фото EPA

Стратешкиот рамковен договор потпишан меѓу Турција и Ирак претставува „цврст патоказ – порача претседателот на Турција Ердоган, по средбата во Багдад со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани,  пренесува Анадолија.

„Верувам дека мојата посета и договорите кои штотуку беа потпишани ќе претставуваат нова пресвртница во односите меѓу Турција и Ирак“, рече Ердоган на прес-конференција по средбата со ирачкиот премиер Ал Судани во Багдад, главниот град на Ирак.

По средбата на Ердоган и Ал Судани, беше потпишан меморандум за разбирање во врска со соработката на проектот за развојен пат меѓу Ирак, Турција, Катар и Обединетите Арапски Емирати. (ОАЕ).

„Стратешкиот рамковен договор за заедничка соработка што го потпишавме со премиерот (Ал Судани) претставува силен патоказ, рече Ердоган.

Осврнувајќи се на средбите со премиерот Судани и со претседателот на Ирак Абдул Латиф Рашид, Ердоган рече дека соработката во областа на безбедноста и борбата против тероризмот е една од најважните точки на дневниот ред.

Тој додаде дека Турција го поздравила прогласувањето на ПКК за забранета организација во Ирак. „Разговаравме за можни заеднички чекори против терористичката организација ПКК и нејзините ограноци, кои ги гаѓаат Турците од ирачка територија“, подвлече Ердоган.

Двајцата лидери се осврнаа и на израелските напади врз Газа.

– Разговарав со моите ирачки колеги за последиците од израелското насилство во Палестина врз нашиот регион и се консултирав за заедничките чекори што можеме да ги преземеме, рече Ердоган.

Во контекст на зголемените тензии меѓу Иран и Израел, Ердоган ги потсети сите релевантни страни да избегнуваат чекори кои водат до ескалација на тензиите.

Посетата на Ердоган на Ирак продолжува во Ербил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот