Ердоган со критики кон Нетанјаху: „Касапот на Газа“ предизвикува антисемитизам низ светот

Реџеп Таип Ердоган/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „касапот на Газа“ и го обвини дека предизвикува антисемитизам низ светот.

Ердоган во повеќе наврати го критикуваше Израел за размерите на смрт и уништување предизвикани од неговиот одговор на невидениот прекуграничен напад на милитантите на Хамас на 7 октомври, пренесува Франс24.

Тој го оквалификува Израел како „терористичка држава“, додека за Хамас рече дека е „ослободителна група“.

Нетанјаху веќе го запиша своето име во историјата како касапот на Газа, рече Ердоган во денешната изјава на националната телевизија. Според него израелскиот премиер ја загрозува „безбедноста на сите Евреи во светот со тоа што го поддржува антисемитизмот преку убиствата што ги изврши во Газа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот