Ердоган: Случувањата во Газа се пат до геноцид

Ердоган реизбран за претседател на Турција/Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган на денешното отворање на Дипломатскиот форум во Анталија изјави дека настаните во Газа дефинитивно не се војна, туку пат до геноцид.

Настаните во Газа секако не се војна, тоа е пат кон геноцид, бидејќи дури и војната има морал, правила и закони кои мора да се почитуваат. Варварство е што ги осудува бебињата во мајчините раце на глад и жед, бомбардира болници, цркви, џамии, училишта, универзитети, бегалски кампови и амбулантни возила и подмолно и нечесно ги гаѓа цивилите кои чекаат на ред за помош во храна, исто како вчера, посочи Ердоган.

Според него во Газа не се брутално убиени само деца, жени и цивили, туку убиена е и вербата на милијарди луѓе во меѓународниот систем, правдата и правото. Ердоган наведе и дека западните сили, кои безусловно го поддржуваат Израел од првиот ден, се соучесници во крвопролевањето.

„Уште еднаш ја повикувам меѓународната заедница искрено да ја поддржи Газа и палестинското прашање. Меѓународната заедница може да го плати својот долг кон палестинскиот народ само со формирање палестинска држава. Формирањето на независната држава Палестина, со источен Кудс како главен град, е неопходност. Турција е подготвена да преземе одговорност, вклучително и да биде гарант“, истакна Ердоган.

На третиот Дипломатски форум во Анталија во следните три дена ќе учествуваат претставници на 147 држави, вклучително 19 претседатели, 73 министри и 57 претставници на меѓународни организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот