Ердоган: Корона вирусот немоќен пред мерките на Турција

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти за еден потврден случај од новиот коронавирус. Станува збор за пациент кој се вратил од Европа.

Посакуваме Турција да ги надмине овие тешкотии без жртви. Ниту еден вирус не е посилен од преземените мерки, земјата направи се за справување со Ковид-19, истакта турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претходно, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека е потврден заболен од новиот коронавирус и дека станува збор за пациент кој се вратил од Европа.

Здравствените власти во земјата соопштија дека лицето е ставено во изолација додека членовите на неговото семејство и другите луѓе кои биле во контакт со него се во карантин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!