Ердоган го осуди како срамен меѓународниот молк за масакрот во Газа

Реџеп Таип Ердоган/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со папата Франциск изјави дека израелските напади врз Газа се еднакви на масакр, пренесе Скај Њуз, додавајќи дека „молкот на меѓународната заедница е срамен“.

Турскиот претседател вчера ја критикуваше и реакцијата на Западот на израелските напади. Обраќајќи им се на претставниците на неговата партија во парламентот тој кажа дека Хамас не е терористичка организација, туку група муџахедини кои ги бранат своите земји.

-Гаѓањето на нашите палестински браќа, вклучувајќи ги и децата, пациентите и старите лица, дури и во училишта, болници и џамии, е злосторство против човештвото. Солзите на Западот, пролеани за Израел се манифестација на измама, нагласи тој и додаде дека ја откажал својата планирана посета на Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот