Елмас: Сакаме и веруваме, Наполи може да го освои Скудетото

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има договор со Наполи до лето 2025 година/ фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Остануваат уште седум кола до крајот на сезоната во најсилното италијанско првенство, се води голема борба за шампионската титула.

На врвот моментно е Милан со 67 бодови, еден повеќе од Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а третопласиран е Интер со 63 од 30 мечеви.

Досега сезонава нашиот играч во Серија А има 31 настап и три постигнати голови во победите против Аталанта, Милан и Венеција.

Во интервјуто за „Радио Кис Кис“, нашиот фудбалски „дијамант“ кажа дека неговиот тим посакува на крајот да дојде до Скудетото.

– Ја сакаме титулата, веруваме дека можеме да го направиме тоа. Имаме голема енергија, секогаш сме подготвени и концентрирани за секој натпревар – се зборовите на Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот