
Елизабета Втора направила сè за да го спречи „Мегзит“: Не успеала, но до крајот на животот сакала само една работа!
Да беше жива, британската кралица Елизабета Втора ќе наполнеше 99 години на 21 април годинава. Иако веќе две и пол години не е меѓу живите, нејзиниот живот останува постојана тема во британските медиуми, а околу нејзиниот роденден се појавуваат уште повеќе приказни – потсетувања на нејзината младост, анализи за нејзината цврстина во време на кризи, нејзиниот карактер, стабилност, хумор и односот кон животот.
Препорачано
Многу кралски поддржувачи сметаат дека на жената која ја носеше круната 70 години и која, според анкета од мај 2022 година, беше омилена кај над 80 отсто од Британците, ѝ беше најтешко во последните години од животот поради раздорите во семејството. Тој раздор, според нив, започна со нејзиниот внук, принцот Хари, и неговата сопруга Меган Маркл – по т.н. „Мегзит“.
Според експертите за кралското семејство, кралицата направила сè што можела за да го спречи „Мегзит“, а откако се случила, до крајот на животот се трудела да ги поправи односите.
Историчарот Роберт Лејси, автор на книгата „Битка на браќата“ (Bottle of Brothers), во која го опишува односот меѓу принцовите Вилијам и Хари, вели дека кралицата добро ја разбирала желбата да се живее надвор од јавноста. Таа самата го искусила тоа додека била принцеза, живеејќи со својот сопруг, принцот Филип, на Малта од 1949 до 1951 година, каде што тој служел како офицер на брод. Лејси пишува дека тоа ѝ овозможило на кралицата „да живее нормален живот“.
„Прв и последен пат можела да се сонча и да плива на плажа, незабележана да вози сопствен автомобил… и сама да купува со вистински пари“, наведува тој.

Лејси тврди дека кралицата, чувствувајќи го немирот кај новиот војвода и војвотката од Сасекс, ја поддржала идејата Хари и Меган да живеат некое време во Јужна Африка. Планот бил дури и ставен на хартија во 2019 година – една година пред парот да се повлече од своите кралски должности и да се пресели прво во Канада, па во САД.
Идејата ја осмислиле поранешниот приватен секретар на кралицата Сер Кристофер Гејт и поранешниот британски амбасадор во САД Дејвид Менинг. Гејт, наводно, добил улога да биде ментор на Меган, како дел од стратегијата за нејзина подобра интеграција во кралското семејство. Како дел од таа интеграција, Меган добила покровителство над Националниот театар во јануари 2019 година.
Кралицата сакала младиот пар да добие значајни улоги во Комонвелтот, организација која ѝ била особено важна. Целта на планот била да се оддалечат од Британија на „приличен рок“, за да можат сите да здивнат.
Се сметало дека Меган таму ќе може слободно да се занимава со своите хуманитарни активности, како кампањи за бесплатни хигиенски производи за тинејџерки. Кралицата дури размислувала да им додели и „поткралски“ титули, како утешна верзија на класичните кралски улоги. Хари би добил улога која го исполнува, без да влијае на неговиот брат.
Хари и Меган, според Лејси, ја прифатиле идејата. Меган дури рекла: „Можеме да се повлечеме“.

Планот имал и романтичен елемент – нивната врска процветала во Африка, во 2016 година, кога кампувале пет дена под ѕвездите во Боцвана. „Кејптаун можеше да биде нивната Малта“, напиша Лејси. Но, планот пропаднал од „непознати причини“.
Кратко потоа парот патувал во Африка на кралска турнеја, но таа се претворила во ПР катастрофа. Иако средбата со надбискупот Дезмонд Туту и патот на Хари по трагите на својата мајка во Ангола требало да бидат историски моменти, сè било засенето од интервјуто за Ај-ти-ви во кое Меган зборувала за својата борба со медиумскиот притисок. Хари, пак, ги нападнал британските таблоиди за „немилосрдната кампања“ против неговата сопруга. Патувањето чинело 246.000 фунти, најскапата кралска турнеја во историјата.
Три месеци подоцна, Хари и Меган на Инстаграм објавиле дека се повлекуваат како „повисоки членови“ на кралското семејство и дека сакаат да станат финансиски независни.
Целата Британија била шокирана. Зборот „Мегзит“ станал збор на годината според речникот Колинс во 2020 година. Кралицата била длабоко повредена, а семејниот раздор кој тогаш започнал, денес, три години по нејзината смрт, изгледа како непремостлива бездна.
Иако повредена и тажна, кога станало јасно дека Мегзитот е неминовен, кралицата објавила лична изјава, нешто што го правела многу ретко:
„Иако би сакале да останат целосно активни членови на кралското семејство, го почитуваме и разбираме нивното барање да водат понезависен живот како семејство, останувајќи вреден дел од нашето семејство“, напишала таа.
Во следните две години се обидувала да ги помири страните, но безуспешно. Последниот обид бил во септември 2022 година, кога Хари и Меган се вратиле во Британија заради обврски поврзани со нивната фондација, но го одбиле поканата да ја посетат во Балморал.