Фото: Општина Карпош

Електронски и електричен отпад ќе се собира директно од домовите на карпошани

Пред главниот влез на „Скопје Сити Мол“, деновиве беше пуштена во употреба првата „еко – зона“ во Карпош, каде e поставен специјален сад за одложување на помали електрични уреди и електронски отпад. Општина Карпош во соработка со друштвото за управување со отпад  „Нула Отпад“, ja започнаа и кампањата за правилно отстранување електричен и електронски отпад, како и отпад од батерии и акумулатори . За таа намена, периодов беа поставени девет специјални садови за одлагање на сите видови на ваков отпад на најфреквентните локации во општината. 

По еден специјален сад има на плоштадот „Делфина“ во Влае, кај „Тинекс“ во Карпош 4, на пазарчето во Тафталиџе 2, во близина на маркетот „Веро“ кај Млечен, кај  Драмски факултет, пред Сити Мол, во рамки на плоштадот Млечен, во Т.Ц „Лептокарија“ и еден сад во училишниот двор на гимназијата „НОВА“.

Станува збор за придвижување на поголема организирана акција, која вклучува и собирање  габаритен отпад од домовите на жителите на Карпош. Имено, граѓаните имаат можност да го пријават својот електричен и електронски отпад (телевизори, машини за перење, бојлери и мали уреди за домаќинство), на т.н „еко – линија“ на бројот 070 236 000. Тоа можат да го сторат кај назначените координатори кои се наменски определени за урбаните заедници во Карпош, по што, екипите на „Нула Отпад“ организираат собирање на овој специјален от

пад, директно од домовите на граѓаните – објаснуваат од Карпош.

Со оваа еко – акција, како што велат од Карпош, Општината ги исполнува обврските  во рамки на законските надлежности, согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпад на електрична и електронска опрема. Вакви специјални садови за преземање на ситен електонски и електричен отпад како и отпад од батерии, ќе бидат поставени во сите основни училишта во општина Карпош. На повикот за соработка се приклучија и неколку општествено одговорните компании, како и  средното училиште НОВА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот