Експлозија во Призрен, деветмина повредени

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Девет лица се повредени во експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен, а поради тоа се трага по три лица, потврди косовската полиција.

Сите повредени се пренесени во болницата во Призрен.

Портпаролот на полицијата изјави дека полицијата излегла на местото на експлозијата, а за се бил информиран и дежурниот обвинител.

Идентификувани се тројца осомничени и по нив се трага“, рече тој.

Се уште нема информации за мотивите на ова кривично дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот