Експлозија на три цистерни со нафта во Абу Даби, полицијата се сомнева во беспилотни летала

принтскрин илустрација

Пожар избувна рано утринава, што предизвика експлозија на три резервоари со нафта во Абу Даби, потврди локалната полиција.

Мал пожар избувнал и во новата зграда на меѓународниот аеродром во Абу Даби.

Првичната истрага упатува дека причина за пожарот биле мали летечки предмети, кои најверојатно припаѓале на дронови, кои паднале во две области, јавува државната новинска агенција ВАМ.

Властите започнаа опсежна истрага за причините за пожарот и околностите околу него. Сепак, засега нема извештаи за голема штета предизвикана од овие два инцидента.

Јеменските бунтовници, Хутите, предводени од коалицијата на Саудиска Арабија, ја презедоа одговорноста за нападот во индустриската зона во близина на магацинот на нафтената компанија „АДНОЦ“, како и дека избувнал пожар на градилиштето на меѓународниот аеродром во Абу Даби. .

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот