Експертите откриваат: Шест знаци дека сексуалните односи со партнерот не фунционираат

Фото: Pexels/ Kampus Production

Многу е важно да ги препознаете суптилните знаци кои укажуваат дека вашиот сексуален живот повеќе не е добар, за што побрзо да најдете решение. Ескпертите посочуваат кои се шесте знаци дека вашиот сексуален живот е во криза:

Истата личност иницира секс

Чест симптом дека нешто не е во ред со сексуалниот живот на двојката е кога едно лице секогаш иницира сексуални односи и се чувствува непожелно.

„Повеќето луѓе сакаат нивните партнери да иницираат секс подеднакво, ова им дава впечаток дека нивниот партнер сè уште ги сака“, тврди д-р Џес О’Рајли.

Ако едниот партнер секогаш иницира секс, обидете се да разговарате и да го кажете проблемот гласно и јасно, како што би сакале да го избалансирате.

Не кажувате што сакате

Сигурно знаете дека никој не може да чита туѓи мисли, а сите сме различни. На партнерот му е тешко да знае што сакате. Ако не сте зборувале за она што го сакате, веројатно не го добивате.

Ако ве плаши помислата да ги критикувате вештините за водење љубов на вашиот партнер, запомнете дека е клучно како ќе му пристапите. Откако ќе ги кажете вашите желби, сигурно ќе забележите голема разлика во сексот.

Секогаш го правите истото

Штом паровите ќе сфатат што им одговара, често се држат до тоа. Поради оваа причина, страста и склоноста да експериментираат со нови работи исчезнуваат. Меѓутоа, „повторувањето може да го намали уживањето.

„Истражувањата докажуваат дека допаминот може да биде двојно повисок кога работите се непредвидливи“, додава Џес.

Бидете отворени за нови пози, секс играчки и експериментирање под јорганот. Така ќе научите попатно што ви одговара како двојка.

Не зборувате после секс

Секс-терапевтот Мариса Нелсон вели дека сексот треба да ги зближи партнерите. Ако после водење љубов се чувствувате „оддалечено“ од партнерот, а во собата владее тишина – можеби не сте отворени еден кон друг.

Обидете се да започнете разговор. Ако се чувствувате блокирано, бидете искрени со партнерот и не се чувствувајте како да морате да го криете тоа.

Сакате различни работи

На пример, една личност сака страст и ослободување од стресот, додека друга ја гледа поентата на сексот во емоционалното зближување и поврзување.

„Кога тоа ќе се случи, едно лице може да се чувствува лошо и незадоволно откако долго време не го добива она што сака да го почувствува за време на водење љубов“, вели Нелсон.

За сè е „виновна“ една личност:

За да имаат здрав сексуален живот и двајцата во врска мора да чувствуваат дека одговорноста е споделена. Ако не можете да достигнете кулминација, ако чувствувате болка или не сте задоволни – тоа е проблем и за двајцата.

Симптом дека нешто не е во ред е кога вината почнува да се префрла само на едната страна. Важно е да ја препознаете оваа ситуација и да се запрашате на што можете да работите заедно. Дијалогот е исклучително важен дел од сексуалното искуство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот