unsplash
Фото: Unsplash

Експертите открија што се случува во нашиот мозок кога јадеме чоколадо

Дали знаевте колку добро чоколадото влијае на нашиот мозок?

А кој не сака чоколадо? Многумина велат дека тоа им помага да се чувствуваат подобро и да се опуштат. Исто така, се покажало дека чоколадото може да ја подобри функцијата на мозокот.

Едно истражување покажало дека чоколадото може да ги подобри когнитивните функции. Редовното консумирање на супстанции кои се наоѓаат во какаото може дури и да заштити од когнитивниот пад којшто се појавува со годините.

Истражувачите откриле дека редовното консумирање чоколадо е поврзано со когнитивните функции независно од другите навики во исхраната.

Колку почесто се консумира чоколадо, (секако, во умерени количини), толку подобри се резултатите на когнитивните тестови, вклучително и визуелно просторна меморија и организација, работна меморија и апстрактно заклучување.

Затоа, уште денес почестете се со парче чоколадо – можете да му направите услуга на вашиот мозок!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот