Скопје, Камени мост/ Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Економијата во последниот квартал од 2024 година пораснала за 3,2%

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во државава во четвриот квартал лани е 3,2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2% и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66,1%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,1%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2%.

Минатата година, во првиот квартал БДП изнесуваше 1,2%, во вториот квартал 2,3%, а во третиот 3%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот