Еко-свест / Фото: МИА

„Еко-свест”: Веднаш да започне праведната транзиција на регионите со јаглен

Во текот на 2020 година, нашата Влада зацрта високи и амбициозни цели во секторите енергија и клима кои ќе биде тешко да се достигнат доколку не забрзаат процесите за транзиција на ТЕЦ на јаглен кон обновливи извори на енергија, меѓутоа и транформирање на економијата во регионите со јаглен како никој не би останал без работа и егзистенција, порачуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест”.

– Реалноста е дека ние немаме повеќе време да се лажеме дека можеме да ги одржуваме термоелектраните на јаглен во земјава, немаме ниту јаглен ниту финансиски средства за одржување на сите вработени во тие термоелектрани бидејќи има превработеност. Не можеме да си дозволиме ниту да продолжат да работат како досега, без потребниот десулфуризатор, бидејќи луѓе ни умираат од канцерогени заболувања секој ден, особено во Битолскиот регион, порачуваат од „Еко-свест“.

За да се спасат Кичевскиот и Битолскиот регион од замирање, нагласуваат од Центарот, потребно е веднаш да започне процесот на долгорочно планирање на праведната транзиција.

– Усвојување на план за праведна транзиција на овие региони и во овој процес мора активно да учествуваат работниците, синдикатите, локалното население, малите и традиционални бизниси, граѓанските организации и локалните власти од Кичевскиот и Битолскиот регион. Потребни се анализи на работоспособното население во регионите и можности за развој на алтернативни економски гранки за да се обезбеди понатамошен развој на овие региони, потенцираат од „Еко-свест“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот