ЕК: Методологијата на пописот е во согласност со сите стандарди

Попис 2021 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската комисија не ги доведува во прашање резултатите и методологијата на пописот во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прашање на МИА дали Европската комисија има коментар за разните заедници и чинители кои не се согласуваат или не ги признаваат резултатите од пописот, Европската комисија вели дека е задоволна од методологијата.

– Не ги коментираме тие наводи. Како што е кажано во Извештајот за Северна Македонија од 2021, Законот и Методологијата, врз кои се базирани подготвувањето, организацијата и спроведувањето на пописот, се широко усогласени со релевантните стандарди дефинирани со статистичкото законодавство на Европската Унија, изјави денеска за МИА портпаролката Ана Писонеро.

Таа пред неколку дена нагласи дека Комисијата го поздрави фактот што земјата конечно по 20 години спроведе попис, чии актуализирани податоци се клучни за градење социјални, економски и демографски политики во интерес на сите граѓани на Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот