ЕК: Ковид кризата ја зголеми нееднаквоста на пазарот на трудот во ЕУ

Последниот извештај на Европската Комисија за социјалниот развој во ЕУ ги анализира последиците од здравствената криза и предупредува дека земјите треба да внимаваат да не се продлабочат нееднаквостите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот покажува дека најголем раст на невработеноста има на прекарните работни места, оние за кои е потребно физичко присуство, како што е прехранбениот сектор или туризмот. Најмалку погодени од кризата се работните места кои се критични, но и оние кои бараат мала стапка на социјална интеракција и можат да се работат од дома, главно во информатиката, осигурувањето и телекомуникациите, и, се разбира, здравствениот сектор како најкритичен за време на санитарната криза.

Европската Комисија во своите анализи забележува дека географските последици од кризата со Ковид-19, исто така, покажуваат значајни разлики, па така најмногу работни места се изгубени во руралните средини, додека земјите членки на ЕУ од југот, кои се позависни од туризмот, исто така, се попогодени од другите.

Кризата имала последици и врз социјалниот дијалог и колективните договори на работниците, но повторно со значајни разлики меѓу земјите членки. Поради потребата за ‘итни интервенции’ од државата или поради здравствени причини некои земји ја ограничиле можноста за колективни преговори.

Што се однесува до родовите разлики, мажите се малку повеќе погодени од жените кога станува збор за работните места, но жените искусиле сериозен пад на работните часови посебно во вториот семестар од 2020 година. Жените исто така го носат најголемиот дел од товарот во домашната работа и семејството.

Еврокомесарот за социјални права, Никола Шмит, порача дека политиките на економско закрепнување треба да ги земат предвид наодите од овој извештај за да се овозможи што пофер транзиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот