ЕК бара правилата за миграција да бидат одобрени до средината на 2024 година

европска комисија фото МИА

Европската комисија денеска изрази очекување дека новите европски правила за миграција ќе бидат усвоени до изборите за европратеници во 2024 година.

Потребни се сеопфатни промени, рече на прес-конференција портпарол на комисијата, пренесе БТА.

– ЕК предложи предлог-закон за промена на севкупниот пристап кон миграциските прашања. Предлозите го опфаќаат прашањето за емпатијата меѓу земјите од ЕУ. Ги повикуваме Советот на ЕУ и Европскиот парламент побрзо да го разгледаат предлогот, додаде тој.

Потребата од заеднички европски пристап е јасно видлива во приемот на украинските бегалци, истакна портпаролот. Тој прецизираше дека додека не се спроведат планираните измени, можно е Kомисијата да покрене кривична постапка против земјите кои на барателите на азил нема да им ги обезбедат потребните услови за чекање на одлуката по поднесените барања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот