Египет гради втор камп за раселените Палестинци

Разурната зграда по израелски воздушен напад врз Рафах во Газа - Фотографија ЕПА, Хаитам Имад

Египет гради втор камп за раселените Палестинци во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа во соработка со Црвениот крст во Палестина, објави ТВ Ал-Кахера њуз.

Египетските власти го изградија првиот камп во Кан Јунис минатиот декември и го проширија во јануари. Новиот камп, кој ќе има струја и вода, ќе се состои од 400 шатори со капацитет од 4.000 луѓе.

Следниот чекор е изградба на теренска болница во пограничниот град Рафах и медицински камп во Деир ал Балах во центарот на Газа. Во Рафах ќе бидат формирани и два центри за дистрибуција на помош.

Според Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), повеќе од 85 отсто од 2,4 милиони луѓе во енклавата се внатрешно раселени од почетокот на конфликтот на 7 октомври минатата година, кога Хамас и други палестински фракции го нападнаа јужниот дел на Израел, при што загинаа околу 1.200 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот