Едукативен карван на „Лајка“: Учениците учат што е одговорно сопствеништво

Фото: ЈП „Лајка“

ЈП „Лајка“ организира едукативен карван во чии рамки ќе се спроведат повеќе од 20 едукации во основните училишта во Скопје. Карванот започна со посета на ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, каде со учениците од шесто и седмо одделение низ презентација и отворена дискусија беа споделени знаења и искуства за тоа што значи одговорното сопствеништво.

Животните се свесни и чувствителни битија, кои откако ќе ги вдомиме стануваат дел од нашите семејства. Зошто имаме толку многу бездомни кучиња на улиците? Зошто е важно да бидеме одговорни и никогаш да не го напуштиме сопствениот миленик? Како да се однесуваме кон бездомните животни на улица? Зошто да се вдоми, место да се купи куче? Кои се нашите права, но и одговорности како сопственици на миленици? Што значи волонтеризам и придонес кон заедницата? Како секој од нас може да придонесе за намалување на бројот на бездомни кучиња на улиците? – посочуваат од ЈП „Лајка“ дел од прашањата за кои се дискутира со основците.

Од „Лајка“ истакнуваат дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња е важно да се влијае на најмладите, па затоа целта на оваа активност е преку нивна подобрена информираност и едукација да се зголеми свесноста за одговорното сопствеништво, за теми како што се ненапуштањето на милениците и соодветната грижа за нив, а преку тоа и да се придонесе кон долгорочно решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња во Скопје, но и во земјава.

Едукативниот карван се спроведува во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот