Еден загинат на патот Гевгелија-Богданци, четири возила учествувале во несреќата

Сообраќајна несреќа / фото: МИА

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.

-Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионалниот пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила, две од марката мерцедес, опел корса и хјундаи. Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Пплициската станица Гевгелија – изјави Трајанова.

Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку селото Богородица.

Противпожарната единица Гевгелија е излезена на местото на несреќата со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот