Еден од осомничените за нападот во М-НАВ заврши во притворското одделение во Шутка

Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 му определи 30 дневен ефективен притвор на еден од осумничените за упадот во М-НАВ, кој во петокот беше приведен од страна на полицијата.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на  Основното јавно обвинителство Скопје против решение на судија на претходна постапка со кое на 12.01.2024 година на Љ.Ќ., за кој постои основано сомнение дека учествувал во настаните во М-НАВ, му определи мерка куќен притвор и дополнителна мерка за претпазливост – Одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, донесе решние со кое: Жалбата на јавниот обвинител се уважува и на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена.
Против ова решение не е дозволено право на жалба“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

 

Станува збор за лицето Љ.Ќ, кое беше приведено во петокот и се бараше со национална потерници бидејќи беше недостапно на органите на прогионот. Токму неговото бегство е отежителна околност за Кривичниот совет кој му одреди 30 дневен притвор во затворот во Шуто Оризари.

Во куќен притвор се петмина, а по уште двајца полицијата трага. Сите се осомничени за загрозување на воздушниот сообраќај и им е запретена казна од најмалку 5 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот