Еден од најопасните пајаци во светот случајно најден од минувач во Австралија

Австралиски пајак / Фото: The Australian Reptile Park/Cover Images/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Еден од најголемите и најотровни пајаци на светот најде нов дом во австралискиот парк за рептили, откако човек случајно го приметил шетајќи се во близина на Сиднеј. Ваквиот вид на пајак е најотровен и најголем од неговиот вид, но не и меѓу сите пајаци.

Потенцијално смртоносниот австралиски пајак наречен „Херкулес“ е пронајден на централниот брег, околу 80 километри северно од Сиднеј, и првично бил даден во локална болница, се вели во соопштението на австралискиот парк за рептили, пренесува Гардијан.

Експертите го извлекле и набрзо сфатиле дека станува збор за најголемиот машки примерок што некогаш бил добиен од јавноста во Австралија. Пајакот е со големина од 7,9 сантиметри од нога до нога, надминувајќи го претходниот рекордер во паркот од 2018 година, пајакот наречен „Колосус“.

Најголемиот ваков пајак дониран на австралискиот парк за рептили била женка со димензии од 8 сантиметри – споредливо со тарантула. Пронајден бил во 2021 година и го добил името „Мегаспајдер“.

Должината на овој вид пајаци обично се движи од 1-5 сантиметри, при што женките се генерално поголеми, но не толку смртоносни. Тие претежно се наоѓаат во шумските области и приградските градини од Сиднеј, најнаселениот град во Австралија, до крајбрежниот град Њукасл на север и Сините Планини на запад.

„Херкулес“ ќе придонесе за антиотровната програма на паркот за рептили. Безбедно заробените пајаци предадени од јавноста се подложени на „молзење“ за да се извади отровот, неопходен за производство на спасувачки противотров.

„Ние сме навикнати на паркот да му се донираат прилично големи пајаци, но добивањето на ваков пајак е како да се постигне џекпот. Додека женските пајаци се отровни, мажјаците се покажаа како посмртоносни. Имајќи машки пајак со оваа големина во нашата колекција, неговото производство на отров може да биде огромно, што ќе се покаже неверојатно вредно за програмата за отров во паркот“, рече Ема Тени, чувар на пајаци во австралискиот парк за рептили.

Од почетокот на програмата во 1981 година, во Австралија немало смртен случај од каснување од пајак од овој вид. Неодамнешното дождливо, влажно време долж источниот брег на Австралија обезбеди идеални услови за развивање на овие пајаци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот