ДЗС: Досега самопопишани 137 111 македонски државјани од дијаспората

Попис. / Фото: Слободен печат

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека досега се попишале 137 111 нашинци во дијаспората, а само последниот ден 7 102 македонски државјани.

– Се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на спроведувањето на операцијата на 21 април. Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. Одвојте десетина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија, велат од Државниот завод за статистика.

За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, од Државниот завод за статистика велат дека им стојат на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот