фото: Џудо Клуб Сеишин

Џудистите на Сеишин освоија пет златни медали на меѓународниот турнир во Ниш

На 21 јуни 2025 година во Ниш, Србија, во организација на Џудо клубот Вук Ниш се организираше меѓународниот турнир во џудо.

На овој турнир настапија над 150 џудисти од Србија, Бугарија, Романија и Македонија.

Џудо клубот Сеишин Прилеп настапи со пет спортисти при што освоени се пет златни медали.

Со злато се закитија Иван Јошески, Матеј Јованоски, Петар Ангелески, Габриел Илиоски и Лејла Јеина.

Екипата ја водеа Мартин Ристески и Дарко Јошески. ЏК Сеишин Прилеп продолжува со меѓународни настапи утре на уште еден турнир во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот