Амал и Џорџ Клуни/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал планираат да влезат во политиката

Со години, Џорџ Клуни не е само холивудска ѕвезда, туку и јавна личност со многу јасни и решителни ставови. Тој секогаш избира теми што будат силни емоции: од борбата за контрола на оружјето, преку правата на ЛГБТК+ заедницата до помагањето на сириските бегалци.

Во пресрет на изборите во САД во 2024 година, Клуни предизвика голема бура со објавувањето на статија во „Њујорк тајмс“ насловена како „Го сакам Џо Бајден. Но, ни треба нов кандидат“.

Сомнежите за менталното здравје на претседателот ја разбрануваа јавноста и го налутија семејството Бајден, особено Хантер Бајден. И покрај ова, Џо се повлече од трката, а демократите бараа сила во потпретседателката Камала Харис, која на крајот ги загуби изборите.

Интервенцијата на Клуни не вроди до плод како што тој очекуваше, но глумецот покажа колку е спремен да преземе ризици и да заземе јасен став.

Со политичкиот ангажман не престанува ни денес

Според американските медиуми, Клуни сега сака да биде клучен играч во собирањето богати донатори и познати личности за да му помогнат на идниот демократски кандидат. Решителноста и популарноста што ја стекна со текот на годините му носат влијание, и токму тоа му дава чувство дека може да ја обликува политичката сцена одзади.

Неговата сопруга Амал Клуни може да игра значајна улога во таа мисија. Ценетата меѓународна адвокатка и експерт за човекови права има искуство пред институции како што се Обединетите нации и Меѓународниот кривичен суд. Нејзината кариера е обележана со борба за правда, застапување на жртви од воени злосторства и советување на влади, што значи дека авторитетот и влијателните врски би можеле да бидат моќен ресурс за сојузниците во политичките планови на Клуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот