Џонсон го реконструираше и смени неколку луѓе во својот тим

Борис Џонсон
Борис Џонсон / Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Британскиот премиер Борис Џонсон, денеска смени неколку луѓе во својот тим по серијата скандали кои ја загрозија неговата позиција.

Џонсон се бори да ја зајакне својата лидерска позиција по зголемениот гнев во јавноста поради серијата забави за време на локдаунот во резиденцијата на Даунинг стрит 10, но и поради критиките за неговиот начин на владеење, потсетуваат локалните медиуми.

Се наведува дека промените во својот тим ги спровел за да ја зајакне дисциплината во владејачката Конзервативна партија и да се увери дека пратениците ја поддржуваат владината политика.

Марк Спенсер го замени пратеникот Крис Хитон-Харис, близок соработник на Џонсон.

Пратеникот Ендрју Грифит е назначен за шеф на одделот за политика на Џонсон, а Стивен Баркли стана нов шеф на премиерскиот кабинет.

Гут Хари е за нов директор за комуникации.

Спенсер станува лидер на Долниот дом на парламентот, преземајќи ја функцијата од Џејкоб Рис-Мог, кој беше назначен за министер за ситуацијата по Брегзит и за ефикасност на владата.

Четворица блиски соработници на Џонсон минатата недела поднесоа оставки за неколку часа, поради зголемениот притисок врз британскиот премиер.

Неколку конзервативни пратеници, но и опозициски лидери побараа од Џонсон да поднесе оставка, додека опозицијата го обвини дека го довел во заблуда Парламентот, што тој го негираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот