Фото: Instagram

Џенифер Лоренс одговори на гласините дека имала афера со Лиам Хемсворт: „Сите знаат дека се бакнавме“

Џенифер Лоренс реши да стави крај на гласините и конечно негираше дека имала афера со Лијам Хемсворт, додека тој бил со пејачката Мајли Сајрус, пишува „Билборд“.

Оскаровката беше гостинка кај водителот Енди Коен во „Watch What Happens Live“, каде покрај сите други прашања, тој ја искористи можноста да ја праша Џенифер дали се точни гласините дека имала афера со актерот Лиам Хемсворт.

Пред водителот да го доврши прашањето, Џенифер му одговорила: „Не е точно. Би сакала да одговорам на тоа. Не е вистина. Тоа е тотална гласина“.

Изминатиот период, лавина од гласини излегоа во јавноста за Лијам и актерката, кога неговата поранешна сопруга ја објави хит песната „Flowers“ во која наводно се зборува за болната разделба меѓу неа и актерот. Една од многуте теории поврзани со песната, која има речиси половина милијарда прегледи на Јутјуб, е дека пејачката и испратила суптилна порака на Џенифер.

Актерката на премиерата на филмот „Hunger Games“, во кој глумеше со Лијам носеше долг златен фустан,  речиси ист како во спотот кој го носеше Мајли.

„Верувам дека тоа е само обична случајност“, изјавила Џенифер.

Сепак, Лоренс навистина призна дека таа и Лиам се бакнале во една прилика, но дека тоа било неколку години откако славната двојка раскинала.

Да потсетиме, Мајли и Лијам се запознаа во 2009 година, а до нивната свадба на крајот на 2018 година, неколку пати раскинуваа. Една година подоцна објавија дека се разведуваат.

ФОТО | Џенифер Лоренс облече апостолки на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал

ФОТО | Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот