
Џастин Бибер и Хејли се колнеа во вечна љубов, а сега покажаа дека „не им цветаат ружи“: Во целата драма беше вмешан и нејзиниот татко
Пејачот Џастин Бибер ги изненади своите фанови откако деновиве на својот Инстаграм престана да следи неколку луѓе, меѓу кои и неговата сопруга Хејли Бибер, пренесуваа медиумите.
Препорачано
Тој, исто така, не го следеше својот поранешен ментор Ашер, Скутер Браун и таткото на Хејли, Стивен Болдвин. Неговите верни обожаватели забележале дека тој повеќе не ја следи сопругата откако нејзиното име не се појавило меѓу оние што сè уште ги следи. Ова предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи, а многумина шпекулираа дека наишле на проблеми во бракот.
„Дали раскинаа?“, „Зошто Џастин не ја следи Хејли на Инстаграм?“, „Никој не е сигурен“, „Што се случува?!“, беа дел од коментарите.
Други забележаа дека Хејли сè уште го следи Џастин на Инстаграм и застанаа во негова одбрана. „Таа сè уште го следи, се надевам дека тоа беше само грешка на Џастин“, беше еден од коментарите. Друг пак обожавател истакна дека парот моментално е на одмор и дека дефинитивно сè уште се заедно.
На крајот и Џастин Бибер ги демантираше гласините дека тој и неговата сопруга Хејли се разведуваат. Пејачот објави серија фотографии на кои двајцата изгледаат вљубено и со ова успеа барем накратко да ги смири гласините за нивниот наводен развод кој ја „обиколи“ планетата.
View this post on Instagram
Хејли и Џастин се венчаа пред шест години, откако долго време се забавуваа, а неодамна му посакаа добредојде на својот првороден син Џек.